Со црвени рози градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски им го честиташе празникот 8 март на сите припаднички на понежниот пол. Тој оствари средба со жените на повеќе локации во Општината подарувајќи им свежо цвеќе.
Притоа, посети повеќе супермаркети, банки, здравствени установи, аптеки, ресторани, колонијали, а рози добија и припадничките на понежниот пол вработени во општинската администрација, во училиштата, градинката, како и јавните претпријатија во Општина Илинден.
Поголемиот дел од жените заблагодарувајќи се изјавија дека се пријатно изненадени од гестот на градоначалникот.