Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун изјави дека сака дискусија за подигнување обвинение против претседателот на Сирија Башар ал Асад.
Во интервју за виенскиот неделник Профил, тој вели дека „постојат голем број случаи на кршење на човекови права во Сирија“ со исто значење како и воени злосторства.
– Мојата комесарка за човекови права Нави Пилај објасни дека тој случај ќе биде пред Меѓународниот кривичен суд. Јас поддржувам дискусија на таа тема, изјави Бан додавајќи дека кршењето на човекови права во Сирија може да бидат третирани како воени злостоства и злосторства против човештвото.
Бан предупредува и за вооружувањето на бунтовниците, на што укажуваат западни држави.
– Ако оружјето дојде во раце на страни во конфликтот, се продолжува воената конфронтација и тоа води кон повеќе жртви, објаснува Бан.