Љајиќ: Целиот регион би имал корист од договорот со Заев и Рама

Од:

Средбата со премиерите на Северна Македонија и Албанија во Србија на 9 и 10 октомври, најавена од претседателот Александар Вучиќ, ќе биде првиот чекор, откако таксите на Приштина ги убија сите иницијативи, да се започне со отстранување на бариерите за бизнисот во корист на секоја поединечна економија во регионот, изјави српскиот министер за трговија Расим Љајиќ.

Можноста за формирање на „мал шенген“, што Вучиќ ја најави вчера во Њујорк по разговорите со Зоран Заев и Еди Рама, според Љајиќ, може да се прошири и на другите земји во регионот.

Тоа би било првото јадро каде може да се приклучат и други економии, оцени Љајиќ, потсетувајќи дека Србија инсистирала на создавање заеднички економски простор во Западен Балкан уште од почетокот на Берлинскиот процес, но станало јасно дека укинувањето на царините и вонцаринските бариери оди многу бавно.

-Затоа, Србија влезе во билатерални разговори со БиХ и Северна Македонија, со кои се отстранети девет од 13-те бариери, а две се решени и затоа таа средба со Заев и Рама ќе биде од голема корист, кажа Љајиќ.

– Сите имавме корист од ЦЕФТА додека функционираше и секоја земја го зголеми својот извоз за 75 проценти. Понатамошното отстранување на бариерите ќе ги направи нашите земји конкурентни на меѓународниот пазар, бидејќи поинаку е ако работите со пазар од 20 милиони луѓе, а различно е ако се затвориме, оцени Љајиќ.

Тој додаде дека ниту една држава помала од 10 милиони жители не може да почувствува раст на животниот стандард ако учеството на извозот во БДП не изнесува барем 50 проценти, а просекот во регионот е 28 проценти.

Љајиќ потсети дека Вучиќ во Трст предложил создавање заеднички економски простор, но многумина ја сметале иницијативата како замена за членството во ЕУ.

-Секоја земја во регионот сака да биде дел од ЕУ, а дотогаш сите треба да ја зајакнеме економија. Чекор кон тоа е да се отстранат бариерите што постојат во поголем или помал обем и што ги прават нашите производи поскапи за пет до шест проценти во однос на истите производи на други земји, кажа Љајиќ.

Би можело да ве интересира

Приватните превозници во Скопје повторно се исклучија од сообраќај

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Кос: Очекувам Македонија да го промени Уставот и после тоа навистина да го забрзаме процесот

Горан Наумовски

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија