Неколку часа по погребот на Уго Чавес, за вршител на должноста претседател на Венецуела официјално беше наименуван Николас Мадуро, и најавено беше одржување избори во следните 30 дена, јави Би-Би-Си.
Мадуро, поранешен потпретседател на таа јужноамериканска држава, положи заклетва во Народното собрание во Каракас со што презема улога на вршител на дожноста претседател на државата.
– Се колнам во име на апсолутна лојалност на командантот Уго Чавес дека ќе го браниме Уставот, со цврста рака на слободни луѓе, изјави Мадуро во Собранието.
Опозицијата го бојкотираше настанот со образложение дека според Уставот, претседателот на Народното собрание би требало да ја преземе функцијата в.д. претседател на државата.