Од 1902 година, кога е произведена првата „Бош“ свеќичка, овој пронајдок обезбедува сугурно палење во моторите со внатрешно согорување.
Германската компанија во изминатите 111 години произвела повеќе од 11 милијарди свеќички.
Кога на 7 јануари 1902 година „Бош“ го добил патентот за високонапонски магнет за палење во комбинација со свеќичка, овој пронајдок за прв пат гарантирал сигурно палење на смесата од бензин и воздух во моторите со внатрешно согорување.
Благодарение на свеќичките дојде до голем пробив на автомобилите на пазарот, а веќе 111 години свеќичките имаат значаен удел во развојот на ефикасни, штедливи и еколошки прифатливи мотори.
„Бош“ во изминатите 111 години развил повеќе од 20.000 различни типови и произвел над 11 милијарди свеќички.
Покрај производството во Германија, свеќичките денеска се произведуваат и во погоните на „Бош“ во Бразил, Кина, Индија и Русија.
Актуелната програма на свеќичките „Бош“ соддржи 1.250 типови свеќички со 26 различни конструкции на електродата.