Нападнат вработен во ЈП „Национални шуми“ – Гостивар

Од:

Вработен во Јавното претпријатие „Национални шуми“ – Гостивар вчера бил физички нападнат од две лица.

– Во Полициската станица Гостивар вчера околу 16:45 часот биле лишени од слобода 21 годишно лице од село Лакавица и 51 годишно лице поради физички напад врз 42 годишно лице од село Здуње, гостиварско, вработен во Ј.П.„Национални шуми – Гостивар“. Според пријавеното, оштетениот, вршејќи контрола на атарот на Лакавица, забележал патничко моторно возило „форд транзит“ со гостиварски регистарски ознаки, натоварено со огревни дрва без документи. По кратка вербална расправија 52 годишното лице физички го нападнало оштетениот, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Оттаму информираат дека дрвата се одземени и предадени на Шумска полиција и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Пукање од автомобил во скопски Центар

Се запали автомобил во движење, возачот се здоби со изгореници

Катерина Ѓуровски

Четириесетгодишен скопјанец пронајден починат во стан во Аеродром

Катерина Ѓуровски

Тинејџер избоде 14-годишник во Сарај

Трагедија во Гостивар: Почина девојче откако падна од лулашка

Жена загина во сообраќајна несреќа кај Струмица