Кошаркарите на Уникаха вечерва во Малага го совладаа Панатинаикос со резултат 66:60, во рамките на 10-то коло од Топ 16 фазата во Евролигата.
Првата четвртина ја добија Грците пред се поради одличната одбрана поведувајќи со 16:8, а на полувреме заминаа со одлична предност од 35:26.
Во продолжението на натпреварот Уникаха заигра нешто подобро. По третата четвртина повторно заостануваа девет поени 53:44. Но во последната четвртина одиграа одлично, и со тројката на Вилијамс поведоа со 63:60 на нешто момалку од две минути, а во последните секунди истиот кошаркар ја запечати судбината на Панатинаикос со уште една троја постигувајќи го победничкиот кош за конечни 66:60.
Вилијамс беше најефикасен со 22 поени кај шпанците , додека Мациулис кај Панатинаикос постигна 15 поени.