Во иста улица 13 парови близначиња

Од:

Кога во местото Увац, во Босна и Херцеговина, ќе дојдат вести од породилиштето често се тоа: „се родија близначиња“.

Ова може да биде и феномен, бидејќи местото Увац, на границата помеѓу БиХ и Србија има околу 70 куќи, а сите близнаци се родени во иста улица.

Дали е во прашање генетика или некоја посебна дарба на мајките да носат на овој свет по две бебиња или можеби талент на нивните сопрузи.

„Изгледа дека некој, додека ние мажите седиме по кафеани, оди по нашите куќи и сее близначиња“, се шегуваа локалните мештани за „blic.rs“.

„Нема тоа врска со генетика! Имаме тука и доселеници кои добија близначиња“, се слушна реплика.

Било како било, нека се раѓаат што повеќе дечиња и нека се живи и здрави.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: По драматична потрага пронајдени петтемина исчезнати во Србија, ги немаше четири дена

Катерина Ѓуровски

Српската полиција објави фотографии од осомничените за нападот на студенти во Нови Сад

Кој е Марк Брновиќ, новиот американски амбасадор во Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: „Имам добри вести“-директорот на српскиот клинички центар за состојбата на повредените во пожарот во Кочани

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ најави протести: „Народот веќе не се плаши“

Горан Наумовски

Белград: Студентите го блокираат ГСП, заглавени се 130 трамваи и 150 автобуси