Германецот Јирген Клоп е прогласен за најдобар тренер на годината во изборот на ФИФА.
Стручњакот кој на Ливерпул му донесе европска титула, и за малку не ја освои титулата во Премиерлигата, очекувано доби најмногу гласови, и ја доби наградата на гала-церемонијата во миланската Скала.
На церемонијата беше прогласен и најубавиот гол во годината. Наградата „Пушкаш“ отиде во рацете на Даниел Зори, иако се шпекулираше дека фаворит е Лионел Меси.