И по 10-то коло во Топ 16 фазата од Евролигата екипата на Бешикташ не знае за победа, а вечерва беа совладани од Каха Лаборал со 83:73.
Каха веќе во првата четвртина дојдоа до одлична предност од 8 разлика поведувајќи со 18:10, а втората четвртина ја започнаа со серија од 9:0, па така на полувремето шпанците заминаа со 20 коша разлика 43:23.
Бешикташ се разбуди во третата четвртина кога дојдоа до два поени негатива 50:48, но Каха во последната четвртина влезе со предност од 58:50. Во последните десет минути од натпреварот Каха успеа да ја задржи својата предност и на крајот заслужено дојдоа до победа.
Најдобар поединец кај шпанците беше Андрес Ночиони со 22 поени, додека кај Бешикташ Гашпер Видмар постигна 18 коша.