Во БиХ поголем број починати отколку родени, повеќе разводи од бракови

Од:

Во Босна и Херцеговина во првите шест месеци од годинава се родени помалку бебиња отколку во истиот период минатата година, а има поголем број починати. Истовремено, има помалку склучени бракови, а повеќе разводи.

Агенцијата за статистика на БиХ објави дека во тој период се регистрирани 12.762 живородени деца што во однос на истиот период лани претставува пад за 2,17 отсто. Починати се 19.428 лица, што покажува пораст за 4,23 отсто.

За време на првите шест месеци во БиХ се склучени 7.551 брак, што е помалку за 6,52 отсто во споредба со истиот период лани, додека 1.140 бракови се разведени, 5,36 отсто повеќе отколку во првото полугодие минатата година.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски