Десетина илјади демонстранти бараат да се забрани абортусот во Словачка

Од:

Повеќе од 10 илјади луѓе маршираа во Братислава, главниот град на Словачка барајќи потполно да се забрани абортусот.

Демонстрантите носеа транспаренти со натписи: „Човек е човек, без разлика на големината“ и „Оној кој убива неродено дете, ја убива иднината на нацијата“.

„Животот на секое човечко битие е непроценлив, па затоа мора да биде заштитен од зачнување до смрт“, рече пред насобраните еден од организаторите, поддржан од Католичката црква.

Организаторите велат дека на протестот се собрале околу 50.000 луѓе.

Законот за абортус во Словачка е полиберален од земјите како Полска или Малта, кои имаат најстроги закони во Европската унија во овој поглед и каде престанок на бременоста е дозволено само во одредени случаи, како што е силување, соопшти Ројтерс.

Во Словачка, абортусот е легален до 12-та недела од бременоста, како и до 24-та недела од здравствени причини.

Конзервативците и екстремно десничарските пратеници бараат абортусот да биде дозволен до шестата или осмата недела од бременоста или да биде забранет комплетно, а парламентот ќе расправа за нацрт-законот за абортус овој месец.

Во Словачка, земја со 5,4 милиони жители, бројот на абортуси се намали на 6.000 минатата година, во споредба со 11.000 пред 10 години.

Би можело да ве интересира

Словачка ја затвора Канцеларијата за врски во Приштина

Дојава за поставена бомба во катедрала во Кошице

Словачка: Дојави за поставени бомби и мини во училиштата и судовите

Горан Наумовски

Лажна дојава за бомба предизвика паника во аеродромските згради во Кошице и Попрад

Горан Наумовски

Трамп се предомисли, ќе гласа против заштитата на правата за абортус

Одбиено барањето на Унагарија и Словачка за санкциите кон Лукоил