Во две минутно видео, снимено за Денот на Жената, Џејмс Бонд актерот Даниел Крег буквално се става во женските чевли. Видеото е режирано од Сем Тајлор-Вуд, сценарието е на Џејн Голдман, а нараторката е Дејм Џуди Денч која ја одглумува нејзината улога „Ем“ од филмот за 007.
„Еднакви сме, зарем не 007? Но, иако сме 2011-та мажот има поголеми шанси да заработи повеќе пари од жената, работејќи ја истата работа“, вели нараторката на самиот почеток.
Нараторката потоа зборува за статистика која ја детализира нееднаквоста на половите во светот, додека Бонд се трга од екранот и се појавува повторно облечен како жена.
„Па дали сме еднакви? Додека одговорот не е „да“ не треба да прекинеме да прашуваме“, заклучува нараторката.
Ова е прв филм со Бонд кој е режиран од жена.