Нов биланс од земјотресот во Албанија, само во Тирана и Драч оштетени околу 500 објекти

Од:

На средбата во Министерството за одбрана со првите луѓе на најпогодените градови, Тирана и Драч, изнесени се последните податоци за последиците од земјотресот што ја погоди Албанија.

Министерката Олта Џачка, посочи дека главно регистрирана е само материјална штета.

– За среќа немаше жртви. Застрашувачки и небезбеден момент. Ќе дадеме се од себе за да ги сместиме погодените. Ќе направиме добра работа сите ние за подобро информирање и со цел да не ја пропуштиме потребната грижа. Што побрзо ќе формираме групи за проценка за да се обезбеди секој дека ќе биде обесштетен, рече Џачка.

Префектот на Тирана Сузана Јахолари информираше за сите преземени активности, формирање центри за сместување, поставување шатори, распределба на ќебиња, вода и потребна здравствена услуга.

– Моментално се работи на терен во евидентирање на оштетените објекти. Оштетени се 244 куќи и 20 станбени згради. Евидентирањето продолжува, рече Јахолари.

Според нејзиниот колега од Драч, Роланд Насто до сега како оштетени се регистрирани 188 куќи, 9 станбени згради и две училишта. Од 56 лица кои побарале лекарска помош 21 биле со скршеници.

Премиерот Еди Рама откако упати критики до Насто за лошото менаџирање на ситуацијата, му наложи да ги отвори вратите на градскиот стадион за да може да се постават шатори и да се сместат дел од жителите. Владата веќе отвори неколку пунктови во двата града на кои се дели храна, вода и друга помош на најзагрозените.

Министерството за образование и наука соопшти дека утре наставата продолжува нормално, бидејќи не се регистрирани поголеми оштетувања врз училишните објекти.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек