На авто саемот во Женева, Kia ги претставуваат набилданите верзии на моделите Cее’d и Pro_Cee’d кои се потпираат на истиот 1.6 литарски бензински турбо мотор со моќност од 204 КЅ.
За разлика од Provo, Kia Pro_Cee’d GT и Cee’d GT се готови производи и тоа најдинамичните кои компанијата некогаш ги понудила во продажба.
Во опремата на возилата ќе бидат вклучени исто така шест рачен менувач, 18 -инчни фелни, спортски седишта RECARO, аеродинамичен пакет, издувен систем со двоен приклучок и друго.
Рro_Cee’d GT и Cee’d GT, се развиени во Европа и наменети за локалните корисници, а ќе биде пуштен во продажба во средината на годината.