Најмалку 105 лица се повредени во силниот земјотрес што ја погоди Албанија

Од:

Најмалку 105 лица се повредени во силниот земјотрес кој вчера ја погоди Албанија, покажуваат прелиминарните податоци изнесени на вонредната седница која Владата ја оддржа на полноќ.

При потресот оштетени се повеќе од 290 куќи, а 20 станбени згради се појавија пукнатини, пренесува агенцијата АТА.

На седницата на Владата, беше решено дека полицијата треба да биде во состојба на подготвеност да ја контролира ситуацијата по најтешкиот земјотрес во Тирана и Драч.

По првиот земјотрес од 5,8 степени по Рихтер, уште еден силен земјотрес го погоди албанското подрачје околу полноќ, со јачина од пет степени со епицентар кај Драч, а потоа се почувствуваа серија на помали земјотреси.

Епицентарот на земјотресот беше во Јадранското Море, на длабочина од 10 километри.

Земјотресот е регистриран на 13 километри северно од Драч, кратко време по 14 часот.

Повредените се сместени во болниците во Драч и Тирана.

Албанскиот премиер Еди Рама го откажа патувањето во Њујорк на годишната средба на ОН поради земјотресот.

После вториот земјотрес со јачина од 5,3 степени, луѓето излегоа на улиците.

„Сите наши соседи истрчаа врескајќи. Фала му на Бога, не траеше долго, околу 20 секунди. Тоа беше кошмар на десеттиот кат. Не се сеќавам на посилен земјотрес од овој“, изјави 67-годишниот пензионер во Тирана од „Тирана“.

Постара зграда во Тирана беше евакуирана откако се појавија пукнатини по земјотресот и делови од фасадата почнаа да паѓаат.

Албанското Министерство за одбрана соопшти дека првиот земјотрес бил почувствуван и по западниот брег на земјата, како и источно.

Ова е најсилниот земјотрес што ја потресе Албанија во последните 30 години, според Ројтерс, повикувајќи се на Министерството за одбрана.

Би можело да ве интересира

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија

Земјотрес во Србија

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Земјотрес кај Чачак

Силен земјотрес го погоди Мексико