Американска фамилија прославува, бидејќи петгодишното глуво девојче Џејд Шол кое го посвоиле од Кина прослуша. Во вторникот кога е вклучен имплантот се заврши процесот на посвојување на Џејд, која поминала четири години во кинеско сиропатилиште откако била напуштена на градскиот плоштад на осум месеци.
Фамилијата Шол ја побарала да ја посвои пред две години, кога биле на патување во Кина, но процедурата за меѓународно посвојување траела долго.
Мајката што ја посвоила, Џеки, која е доктор во школски центар за глуви во Оклахома,приметила дека нешто не е во ред со нејзината ќерка Џејд, кога девојчето пристигнало во Америка, непосредно пред Божиќ. Откако забележале дека девојчето не внимава додека гледа видео и гоа звукот во слушалките е на максимум, дијагностицирана била глувоста и потребата за слушни импланти, кои нејзините родители лесно можеле да ги набават.
Моментот кога девојчето слушало за прв пат, е еден од најсреќните моменти за семејството.
„Кога имате дете кое има пет години кога прв пат слуша звук, значи дека сме го пропуштиле критичното време кога она требала да научи да говори и да го научи јазикот. Таа никогаш претходно не ја вртеше главата кон нас кога и зборевме. Ова е голем момент за нас“, вели Џеки.
Според тестовите за интелегенција, Џејд е надарено девојче и има висока интелегенција. Покрај тоа, кога пристигнала во Америка, таа не можела да говори, слуша, ниту да го користи знаковниот јазик, но сега веќе користи 50 знакови.
„Таа се прилагодува, менува и бори“, вели Ерик Шол, новиот татко на девојчето.
Џејд наскоро ќе биде дел од медицинската историја, бидејчи наредниот месец ќе биде меѓу првите деца во светот кои ќе добијат нов процесор, што ќе направат нејзиниот имплант помал.