Денешното рочиште за случајот „Тотал“ каде обвинет е новинарот и поранешен уредник Драган Павловиќ Латас е одложено за 17 октомври поради отсуство на член на судечкиот совет.
Предметот се уште се наоѓа во доказна постапка.
Латас во случајот Тотал е обвинет за даночно затајување како сопственик и управител на фирмите за маркетинт и конслатинг услуги „Тотал“ ДООЕЛ Скопје, „Медиамакс“ и „Тотал Медиа Центар“ ДООЕЛ Скопје.
Според обвинението, во периодот од 2008 до 2015 година заедно со правни лица со намера да одбегнат плаќање даноци во завршните сметки и даночните пријави давале лажни податоци. Како што велат од обвинителството правните лица го оштетиле буџетот за 121 илјада евра, а осомничениот за 63 илјади евра.