Жбогар: Дијалогот има за цел Косово и Србија да станат земји-членки на ЕУ

Од:

Дијалогот меѓу високите официјални лица на Косово и на Србија, што се води во Брисел под покровителство на Кетрин Ештон, има за цел членство на двете држави во Европската унија, изјави специјалниот претставник на ЕУ во Косово, Самиел Жбогар.

Тој истакна дека во моментот се водат разговори за три работи: Прво за нормализирање на односите меѓу двете земји, второ е меѓу претставниците на институциите на Косово и Србите од северниот дел на Косово и трето е внатрешниот српски дијалог односно дијалогот меѓу претставниците на Србите во косовските институции, што тие не ги признаваат.

– Дијалогот меѓу Косово и Србија продолжува и основна цел е членството на Србија и Косово во ЕУ, посочи Жбогар.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија