Во тек е исплатата на заостанатите средства за грозјето предадено во 2009, 2010 и 2011 година од страна на винарската визба „Винеа”, соопшти денеска претседателот на регионалниот сојуз на лозари „Агротиквешија” од Кавадарци.
– Вистина е дека исплатата доцни и не се почитува докрај ветеното зашто требаше да заврши до петти овој месец. Но, исплата сепак има. Не сме задоволни од динамиката, но засега не можам да кажам што точно ќе преземеме за да извршиме притисок плаќањето на заостанатите обврски кон лозарите да се забрза. Конечната одлука ќе треба да се донесе на ниво на „Агротиквешија”, изјави Аризанов.
По неколкудневни протести со блокада на патот Неготино – Прилеп кај Росоман, лозарите и „Винеа” се договорија грозјето од трите години да се плати до 5 март, а тоа од 2012 до законскиот рок, 30 април оваа година.