ФОТО: Петрески по повод 8. март им подари цвеќе на охриѓанки

Од:

Кандидатот за градоначалник на коалицијата „Заедно за Македонија“ и се уште актуелен градоначалник на Охрид Александар Петрески денешниот ден го искористи за да прошета на охридската чаршија и на припадничките на понежниот пол со еден цвет да им го честита презникот – Меѓународниот ден на жената – 8 март.

– Ја користам оваа прилика да им го честитам празникот 8 Март на припадничките на понежниот пол, им посакувам секој ден од годината да им биде весел и празничен како овој. Само да се погледне советничката листа на „Сојузот на иднината“ можете да се уверите за застапеноста на жената во нашите редови, како според бројот така и според местата на листата. Убеден сум дека жените работат чесно, мошне професионално и  со повеќе емоции во сите активности, рече тој.

Петрески во рамки на прошетката низ чаршијата во Охрид го посети изборниот штаб на неговиот противкандидат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Бакрачески, честитајќи им го празникот на активистиките на коалицијата „За подобра Македонија“.

aco 2.jpg aco 3.jpg

Би можело да ве интересира

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ