(ВИДЕО) Протест против насилството врз медицинарите: Следниот протест ќе започне и нема да заврши, ова е последно предупредување

Од:

Медицинските работници во организација на Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари денеска излезе на протест во Клиничкиот Центар по повод серијата напади кои се случија изминатиот период врз медицинските работници од страна на пациенти и нивни роднини. Тие велат дека ова ќе биде последен протест како предупредување до надлежните институции да го решат овој системски проблем во здравството.

Ненад Лазаров од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари потенцираше дека се оградуваат од секакви политички елити. Тој вели дека насилството врз лекарите мора да престане веднаш.

– Собрани сме да кажеме доста е. Ова ќе биде наш последен револт, повеќе не смее да дозволиме да бидат напаѓани здравствените работници. Долги години тенденциите и негативната кампања се одразуваат врз медицинските работници, а целта е да се стават во сенка лошите одлуки на раководните лица во системот. Време е да се преземат мерки за подобри услови на работниците и пациентите. Ќе престанеме да работиме се додека овие прашања не бидат решени, вели Лазаров.

Според лекарите, овие проблеми не смеат да се решаваат зад затворени врати туку само со отворена дебата. Тие на протестот посочија пет барања кои во најбрз можен рок мора да бидат решени.

Станува збор за донесување на закон за докторска дејност, итно спроведување и законско изедначување на напад врз медицинско лице со напад врз полициско лице.

Полициско обезбедување на сите здравствени установи особено во ургентните центри. Вклучување на младите лекари во носењето на сите здравствени политики.

Задолжително организирање на некаков внатрешен систем на контрола на медицинските работници.

Медицинските работници истакнаа дека после овој протест ќе остават малку време на надлежните да ги решат проблемите и да ги прифатат овие 5 барања. Доколку, како што велат, утврдат дека нема никаква желба за решавање на проблемите ќе престанат со работа.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) „Срамота е, на онкологија нема доктори, а овие млади чекаат работа“: Поддршка од граѓани за специјализантите

A1on

(ВИДЕО) Немаме партиски, имаме крводарителски книшки: Специјализантите штрајкуваат и чекаат одлука на Влада

A1on