(ВИДЕО) Локвенец: Победнички тим за нова иднина на Прилеп

Од:

Изборите се добиваат со чесност, работливост, како и идеи и проекти со кои ќе се подобри животниот стандард на граѓаните. Секако, за да се направи тоа е потребен тим, тим кој има знаење, вештини и умеење да ги реализира во пракса сите проекти и мерки од нашата програма, рече Хари Локвенец на денешната пресконференција.

„Имам чест да ви ги претставам кандидатите за советници од коалицијата „Сојуз за иднината“. Чесност, искреност, работливост, посветност, креативност – тоа се карактеристиките на идните членови на Советот на Општина Прилеп од редовите на победничката коалиција „Сојуз за иднината“.

– Ова е победничкиот тим, со кој заедно ќе им го вратиме достоинството на прилепчани. Ова е победничкиот тим, со кој ќе ги реализираме сите проекти кои ќе овозоможат отворање нови работни места и намалување на невработеноста во нашиот град. Ова е победничкиот тим кој со активни мерки ќе го спречи иселувањето на младите од нашата Општина. Конечно, ова е победничкиот тим кој ќе овозможи нова надеж и европска иднина за сите граѓани на Општина Прилеп“, изјави Локвенец.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

Захарова ги предупредува Русите во странство: Не наседнувајте на провокации