Дачија на Саемот на автомобили во Женева премиерно ја претстави втората генерација на Логан МЦВ.
Новиот Логан МЦВ е просторен караван со пет седишта, кој нуди просторност, практичност и удобност. Логан МЦВ со должина од 4,49 метри, нуди багажниот простор од 573 литри, што може да се зголеми до 1.518 литри. Во задниот дел може да собере предмети и до 2,7 метри должина.
Логан МЦВ доаѓа со два бензински мотори. Добро познатиот 1,2 литарски 16 вентилски мотор со 75 коњски сили и новиот трицилиндарски турбо бензинец Тце 90. Моторот Тце 90 е 15 килограми полесен од конвенционалните мотори со иста моќност. Поторшувачката на овој бензинец е рекордно ниска и во просек изнесува 4,2 литри на 100 километри и еднакво ниска емисија на штетни гасови од 112 грама на километар.
Достапен е и 1,5 литарски дЦи дизел мотор со 90 коњски сили. Оптимизираниот дизел мотор троши 3,2 литри на 100 километри со многу ниска емисија на штетни гасови од 99 грама на километар.