Пожар во руски центар за истражување на вирусите

Од:

Во еден од најголемите светски центри за истражување на вирусите во Сибир вчера изби пожар откако се случи експлозија, јави денеска „Раша тудеј“.

Центарот лоциран во Колтсово, оддалечен неколку километри од Новосибирск е познат по тоа што во него се чуваат примероци на ебола, ХИВ, антракс и други вируси.

По експлозијата огнот го зафатил рускиот истражувачки центар за вирусологија и биотехнологија познат како „Вектор институт“.

Лабораторијата е позната по тоа што развива вакцини против ебола и хепатитис, како и по проучување на епидемии и општи проблеми на имунологијата.

За време на Студената војна се претпоставуваше дека центарот во Колтсово беше дел од сега пропадната советска програма за биолошко оружје, што значи дека некои од најопасните вируси, меѓу кои на сипаници, ебола, чума и антракс се уште се чуваат во зградата на „Вектор институт“.

Огнот набрзо бил изгаснат по интервенцијата на 38 пожарникари кои пристигнале со 13 противпожарни возила. Пожарот избувнал на четвртиот кат каде се изведувале градежни работи.

Би можело да ве интересира

Девет лица загинаа во напад на украинската армија врз селото Махновка во Русија

(ВИДЕО) Русија преку реклами регрутира граѓани од Кина: Се нуди сместување и добра плата

Зеленски ја обвинува Русија дека систематски регрутира кинески борци за војната во Украина

Русија: Царините на Трамп ни отвораат нови можности

Нема повредени во пожарот кај Клинички центар, зафатени две возила и фасада на зграда

Голем пожар во близина на Клинички центар

Катерина Ѓуровски