(ВИДЕО) Туск: Со договорите со Грција и Бугарија станавте шампиони

Од:

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск по денешната средба со премиерот Зоран Заев изјави дека Македонија направила се што се очекувало изминатиот период за влез во Европската Унија. Туск истакна дека Македонија многу добро, на демократски начин се справила со политичката криза од изминатиот период.

– Напорите на вашата земја во последните неколку години беа извонредни. Издржавме една од најтешките миграциски кризи. Ова беше тежок тест и период за дејствување, вашата земја го помина подобро од многу земји. За политичката криза пак најдовте решенија засновани на демократски принципи. Со договорите со Бугарија и Грција вие станавте на шампиони. Она што го направивте е меѓународно признато и не треба да биде залудно сфатено од страна на ЕУ, рече Туск.

Претседателот на ЕС истакна дека лидерите од Унијата се обврзале во октомври јасно да се произнесат за отпочеток на преговорите на вашата земја со ЕУ.

– Јас во јуни реков, вашата земја во последните 2 години направи се што се очекуваше од вас за да се отпочнат преговори за пристап кон ЕУ. Тоа продолжува да биде мојот цврст став. Сакам да биде кристално јасно дека не постои сомнеж во Брисел за вашето владеење на правото и борбата против корупцијата. Но, секој во секое време може да го оспори ова, и ние знаеме дека вашата влада е издржна и стои на тоа во однос на работите за СЈО, рече Туск.

Тој порача дека Македонија мора да остане во фокусот за влез во ЕУ, но потребно е и трпение.

– Немам сомнежи дека оваа земја содржи квалитети. Скопје е најдоброто место каде би сакал да ги повикам лидерите на ЕУ, рече претседателот на Европскиот совет.

Би можело да ве интересира

Туск: Телефонската дипломатија не може да ја замени вистинската поддршка за Украина

Горан Наумовски

Доналд Туск: Победата на Трамп ќе има последици за европската безбедност

Туск предупреди дека иднината на демократијата во ЕУ зависи од одговорот на миграцијата

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

Зеленски и Туск потпишаа договор за безбедносни гаранции

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ