Светската програма за храна на ОН има за цел да достави храна за 2,5 милиони Сиријци во следниот месец.
Според проценки на ОН околу четири милиони луѓе од 22 милиони жители на Сирија, биле принудени да ги напуштат домовите заради конфликтот.
Во таа цифра се и луѓе кои пребегале во соседни држави на Сирија како и околу два милиона луѓе кои се внатрешно раселени.
Портпаролка изјави дека Светската програма за храна доставила храна за 1,7 милиони луѓе во февруари и таа цифра се очекува да биде до два милиона во март или 2,5 милиони луѓе во април.