„Субару“ на Саемот на автомобили во Женева го претстави кросовер концептот „Визив“, кој треба да ги најави новите насоки на развој на дизајнот и технологијата на овој јапонски производител.
Името претставува кованица од англиските зборови „vision for innovation“ и покажува во која насока ќе се движи брендот во иднина. Новата дизајнерска филозофија на „Субару“ ги спојува во еден автомобл елегантниот спортски изглед и високата ефикасност во сите услови на возење и секаква подлога.
Концептот е со две врати, но е наменет за четири патници.
Визив е опремен со Субару боксер дизел хибриден мотор.
Погонскиот Плаг-ин Хибрди систем комбинира 2.0 литарски дизел боксер мотор и два независни електрични мотори кои се сместени во задниот дел. Дизелот силата ја пренесува на предните тркала, а електромоторите ги придвижуваат задните тркала.
Системот автоматски одредува кој погонски агрегат и во која мера ќе се користи за придвижување на автомобилот. Електромоторот го придвижува автомобилот од старт и во текот на побавно градско возење, додека дизел агрегатот ја презема својата примарана улога на автопат и при поголеми брзини.