Потпретседателот на Венецуела Николас Мадуро ќе положи вечерва заклетва со која официјално ќе преземе функција шеф на државата до изборите за нов претседател на таа држава, соопшти претседателот на венецуелскиот парламент Диосдадо Кабело.
Мадуро (50) потпретседател во администрацијата на Уго Чавес кој почина од рак во вторникот, ќе ја предводи државата до претседателските избори кои според Уставот мора да се одржат во рок од еден месец.
Погребот на Чавес, на кој се најавени 33 шефови на држави или влади, ќе биде в петок наутро по локално време. Мадуро веќе најави дека телото на починатиот лидер на таа држава ќе биде изложено во стаклен ковчег во Музејот на револуцијата. Чавес беше на власт 14 години.