Ретроспектива на Манчевски во Москва и нови академски студии за „Пред дождот“

Од:

Филмовите на Милчо Манчевски доживуваат динамична активност во академскиот, универзитетски, но и во комерцијалниот филмски свет, дури и долги години откако филмовите и изложбата се комплетирани.

Идниот месец, московскиот Мултимедиа арт музеј организира почесна ретроспектива на Манчевски. Прикажан ќе биде целиот долгометражен опус на културниот амбасадор и Национален уметник на Република Македонија „Пред дождот“, „Прашина“, „Сенки“ и „Мајки“.

Ретроспективата е организирана од директорот на Музејот, Олга Свибилова.

Деновиве се појавија и неколку академски студии и книги во кои се анализира или се спомнува делото на Манчевски. Професорот по класични студии на престижниот универзитет Харвард, Дејвид Ф. Елмер, го публикуваше трудот „Орестес во Скопје „Македонската Орестеја на Милчо Манчевски“. Оваа академска студија го анализира филмот „Пред дождот“ од аспект на компарација со античките митови, особено со оној на Орестес.

Во Германија „Пред дождот“ прецизно се анализира во книгата „Војната во меидумите“, уредена од Хајнц-Питер Преусер. Исто така во Германија, филмот е анализиран и во студијата на Џулија Екел „Надминување на времето во течението на слики – медискиот процес од другата страна на функционалното“.

За „Пред дождот“ зборуваат и бразилскиот професор Фернандо де Така во „Фотографија: Интертекстуалности и хибридизми“ и Американецот Џон Филипс во „Македонија: војсководци и бунтовници на Балканот“. Издавачот „Палгрејв Макмилан“ ја објави книгата „Балкански перспективи“ од авторот Вангелис Калотихос, кој опширно го анализира „Пред дождот“.

Куриозитет е тоа што овој македонски филм е толку навлезен како филозофска предлошка во популарната и академска култура, што реплики од филмот се користат како мото во најразлични академски студии – од студија за економијата во Уругвај („Трајност и ранливост – уругвајскиот долг 1988-2005“ од Изабел Риал и Леонардо Винсенте започнува со мото-реплика од филмот) до студија за молекули (Марија Евгенија Веласкез го цитира „Пред дождот“ во нејзиниот научен труд „Спинодалнораспаѓање во тенки слоеви на бинарни полимер мешавини“).

Би можело да ве интересира

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ