Светската музичка атракција – 2CELLOS ќе го одбележи 52. издание на Охридско лето

Од:

По 12 години Фестивалот Охридско лето ќе биде отворен со театарска претстава. На 12 јули на Античкиот театар во Охрид ќе продифелираат околу двесте уметници кои ќе го изведат мега спектаклот„ Ромео и Јулија“ како што го најавуваат од фестивалот, а кој е во режија на Дејан Пројкоски.

Се планира голема претстава која ќе ги обедини сите претстави, театарот, операта, балетот како и модерните технологии. Битолскиот народен театар ќе биде носител на проектот, а како копродуценти се јавуваат тетарот од Санкт Петерсбуг, Македонската опера и балет и Охридскиот театар.

Оваа година како никогаш досега публиката ќе може да види пет премиери со две праизведби. Се на се ќе настапат околу 500 уметници во рамките на драмската програма изјави Ѓорѓи Јолевски селектор на драмскиот дел на Охридско лето.

Годинава организаторите очекуваат дека особено внимание да предизвика театарската претстава „Питачка“ опера од поранешниот Чешки претседател Вацлав Хавел, како и неколку музчки програми, како што се настапот на уникатниот и незаменлив доминикански пијанист и композитор Мишел Камило на 16 јули, потоа на 4 август настапот на една од најпознатите светски атракции, словенечкиот вокален џез состав Перпетум Џезиле, на 1 август на Античкиот театар ќе настапи Леб и сол Симфони кој претставува проект на макеоднската група Леб и сол и камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија.

Годинешново издание на Охридско лето во музичкиот дел ќе го одбележи настапот на светската музичка атракција популарното дуо од Хрватска 2CELLOS, односно Лука Сулиќ и Стјепан Хаузер кои беа дел и од светската турнеја на Елтон Џон, рече Гордана Јосифовска Неделковска селектор на музичкиот дел на Охридско лето.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Тринаесет маратонци ќе трчаат од Нова Градишка до Крушево на 17. ултра маратон за Тоше Проески

Зубин Мехта: Патот на еден од највлијателните диригенти во светот