Фудбалерите на Тотенхем вечерва на „Вајт Харт Лејн“ ја совладаа екипата на Интер со резултат 3:0 во дуелот од осминафиналето од Лигата на Европа.
Тотенхем веќе во шестата минута од дуелот стигна до водечкиот гол. Сигурдсон уфрли од левата страна, а серијата на погодоци ја продолжи Герет Бејл, кој со глава го совлада Хандановиќ за водство на Тотенхем од 1:0.
Интер возврати преку Матеа Ковачиќ во 18. минута, но неговиот удар беше за малку непрецизен, а само една минута подоцна нов гол во мрежата на Интер. Англичаните одиграа извонредна акција, Дефо најпрвин биеше, неговиот удар го одбрани Хандановиќ, но Сигурдсон ја искористи одбиената топка и погоди за 2:0, што беше и актуелен резултат на крајот од првиот дел.
Сите дилеми околу тоа кој ќе го добие овој натпревар беа решени во 53. минута кога Тотенхем стигна и до третиот погодок. Бејл уфрли од корнер, а Јан Вертонген со глава од пет метри погоди за убедлива предност од 3:0.
До крајот на натпреварот беа видени уште неколку можности на двете страни, но немаше погодоци па натпреварот заврши 3:0.
Резултати на натпреварите кои беа одиграни во терминот од 21:05:
Тотенхем – Интер 3:0
Базел – Зенит 2:0
Бенфика – Бордо 1:0
Леванте – Рубин 0:0