(ВИДЕО) Сноуден: Најмоќната Влада во светот само сакаше да ме снема

Од:

Поранешниот американски разузнавач Едвард Сноуден, кој избега во Русија, рече дека благодарение на неговите откритија, тој сега живее во подобар, послободен и побезбеден свет.

Во ексклузивното двочасовно интервју во Москва по повод годишнината од издавањето на неговите момоари, Сноуден зборуваше со „Гардијан“ за неговиот нов живот и плановите за иднината.

За првпат, тој детално го опиша она што го натерало да ги открие деталите за тајните програми што ги водат американската Агенција за национална безбедност (НСА) и британскиот центар за тајни комуникации.

Тој рече дека е загрижен за напорите на американската Влада, со помош на најголемите интернет компании, да соберат информации за сите на земјата, забележувајќи ги нивните секојдневни животи. Тој, наводно, се помирил со фактот дека ќе го помине остатокот од животот во Русија. Сноуден  открива дека тајно се оженил со својата партнерка Линдзи Милс пред две години. Иако повеќе би сакал да биде во САД или во Германија, Сноуден вели дека во Русија е опуштен и способен да води повеќе или помалку нормален секојдневен живот.

Вели дека сега помалку се плаши отколку кога првпат пристигнал во Русија во 2013 година, кога се чувствувал осамен, изолиран и параноичен што можел да биде ликвидиран на улица од агенти на САД кои бараат одмазда.

– Јас бев личноста која што најмоќната земја во светот што сакаше да ја отстрани. Не им беше грижа дали ќе одам во затвор. Тие само сакаа да заминам “, рече Сноуден.

Стравувањата дека рускиот претседател Владимир Путин би можел да му го предаде како подарок на Доналд Трамп исчезнале откако заладија односите меѓу Москва и Вашингтон.

Сноуден живее во двособен стан во предградието на Москва и заработува претежно од предавања и разговори со студенти, активисти за граѓански права и други во странство преку видео повици. Тој доби привремен азил кога првпат пристигна во Русија и сега има постојан престој што е еквивалент на зелена карта на САД, а може да се обновува на секои три години.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте