Единствената жена од Саудиска Арабија која досега се има натпреварувано на Олимписките игри, годинава не се квалификува.
20-годишната џокејка Далма Ружди Малас не успеа навреме да ги заврши подготовките за престојните игри поради повредата на нејзиниот коњ. И покрај сите напори да оди во Лондон, неговата повреда влијала тој да не ги задоволи потребните критериуми.
Малас е првата жена, Арабијка кој учествувала досега на Олимпијада, (во Сингапур во 2010 година). во категоријата за помлади учесници. Притоа таа го освои освои бронзениот медал.
Таа тогаш ја немаше официјална поддршка од земјата од која доаѓа. Поканата ја доби од Меѓународниот олимписки комитет за да им се приклучи на игрите, така што со овој чин Саудиска Арабија ја исполни квотата потребна за се натпреварува, вклучувајќи во својот тим само една жена.
Во неделата во Лондон беше соопштено дека повеќе жени спортистки од Саудиска Арабија имаат дозвола да се натпреваруваат во Лондон, но не и офицајлна поддршка. Земјата се уште забранува жените да се занимаваат со спорт, како и да имаат полоправен статус во општеството заедно со мажите.