И партијата Заедно за Србија ќе ги бојкотира изборите во Србија

Од:

Партијата Заедно за Србија (ЗзС) на Небојша Зеленовиќ објави дека донела одлука да не учествува на следните избори пролетта 2020 година.

-Свесни за одговорноста за иднината на земјата, направивме се што е во наша моќ да се дојде до создавање на услови за слободни и фер избори. Имавме конструктивен и добронамерен пристап и на тркалезните маси на власта и опозицијата на ФПН, и во контактите со претставниците на меѓународната заедница, но (српскиот претседател Александар) Вучиќ реши да ја втурне земјата во длабока криза со одржување на лажни избори, се наведува во соопштението на ЗсС.

Партијата истакна дека Александар Вучиќ е целосно одговорен за последиците од таквата одлука.

-Ние сакаме промена на власта на избори, а не на улица, и затоа ќе ги вложиме сите сили во борбата за слободни и фер избори, кои мора да се одржат најмалку девет месеци откако ќе се воспостават услови за такви, вистински, избори, а тоа под притисок на граѓаните ќе се случи многу побрзо отколку што Вучиќ мисли, се додава во соопштението.

Партијата ЗзС на градоначалникот на Шабац, Небојша Зеленовиќ, е четвртата партија од Сојузот за Србија (СзС) која официјално објави дека ќе ги бојкотира претстојните избори.

Одлука за бојкот на изборите прво донесе Народната партија (НС) на Вук Јеремиќ, потоа движењето Двери на Бошко Обрадовиќ, а потоа и Партијата за слобода и правда (ССП) на Драган Ѓилас. Бојкот најави и иницијативата „Да не го давиме Белград“ , како и организаторите на протестите „1 од 5 милиони“.

Најава дека наскоро ќе објават бојкот на изборите, даде и претседателот на Демократската странка (ДС) Зоран Лутовац, како и други партии и политички организации.

Би можело да ве интересира

Левица пред КСС ја претстави трудова програма

А1он

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Димитриевски од Пелинце: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

А1он

Меџити не кажа дали е можен министер за внатрешни работи: Ќе разговараме во наредните денови

А1он

Сиљановска од Струмица: Оттука ќе тргне политичкиот вулкан и ќе стави крај на феудалните енклави на замислените европјани

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он