Гугл ќе и плати на Франција една милијарда евра за да го реши даночниот спор

Од:

Француската подружница на пребарувачот Гугл потпиша договор за трансакција од 500 милиони евра со француското национално финансиско обвинителство, на што треба да се додаде уште еден договор со даночната управа во иснос од 465 милиони, со што ќе го подмири долгот кон француската држава.

Еден по еден, дигиталните гиганти одлучуваат да се договорат со француските даночни органи. По Амазон, Епл и Мајкрософт, Гугл штотуку потпиша два трансакциски договора со француските власти. Пребарувачот од Калифорнија склучи договор со финасискиот обвинител вреден 500 милиони евра. Оваа формула му овозможува на Гугл да не мора да признава никаква вина за затајување данок. Трансакцијата значи прекин на истрагата. Според информации на „Фигаро“, Гугл потпишал и доверлива трансакција со Генералниот директорат за јавни финансии (ДГФиП) за сума од 465 милиони евра. Тоа е сума од речиси една милијарда евра. Гугл во четвртокот за „Фигаро“ ја потврди двојната трансакција и наведената сума.

Гугл на тој начин го реши даночниот спор со Франција, која бараше од него заостанати даноци и казни за своите активности во Франција од 2007 година. Во 2016 година, државата поднесе тужба против Гугл за „потешко затајување данок“ и „перење во организирана криминална група на потешко затајување данок “. Даночните служби побаруваа 1,6 милијарди евра – сума последователно намалена на 1,15 милијарди. Инспекторите од Националното јавно обвинителство испитуваа и запленија „неколку терабајти на податоци“, во просториите на „Гугл Франс“. Целта е да се докаже дека Гугл има „постојан естаблишмент“ во Франција, што ќе му овозможи да подлежи на француски данок за претпријатија.

За жал, сите овие елементи не доведоа до ништо. Во казнената и административната постапка, државата загуби во првостепената постапка. Судиите се согласуваат со Гугл: Француската подружница е само претставник на Гугл Ирска, која одлучува за сè. Затоа пребарувачот не мора да ги плати своите даноци, а не во Франција.

Во 2017 година, министерот за акција и јавни сметки, Жералд Дарманин, предлага трансакција … додека ја обжалува одлуката на судиите. „Ако Гугл е подготвен за искрен пристап кон француската влада и да ја регулира својата состојба во контекст на договор за трансакција, кој е разумен за компанијата, но и за јавните финансии, нашата врата е отворена“, увери тој.

Законските промени во изминатата година, доведо до договор. Сумата што ја додели Гугл е изненадувачки близу до износот што го бараа даночните власти (како потсетник, 1,1 милијарди евра, бројка која се смета за „малку висока“, дури и од неколкуте специјалисти за даноци кои ја бранат администрацијата).

Би можело да ве интересира

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт

После изборот на Трамп: Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро се надева на мир на Блискиот Исток