Реконструкција на јапонската Влада

Од:

Јапонскиот премиер Шинѕо Абе го реконструира својот кабинет во кој помеѓу новите министри се и две жени и синот на поранешниот премиер Јуничиро Коизуми, Шинџиро Коизуми.

Шинџиро Коизуми со 38 години е најмлад министер во јапонската Влада бидејќи другите се на возраст од околу 50 години.

За министерка за внатрешни работи и комуникации е именувана Сана Такаичи, додека поранешната лизгачка на мраз Сеико Хашимото е назначена за министерка за олимписките игри.

Додека досегашниот министер за надворешни работи Торо Коно е именуван за министер за одбрана, додека за министер за надворешни работи е поставен досегашниот министер за економија Тошимитсу Мотеги.

Абе е премиер со најдолг стаж во историјата на Јапонија, тој беше на функцијата од 2006 до 2007 година и потоа од 2012 година повторно е шеф на Владата.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија