„Коха диторе“: На 20 март во Брисел ќе се разговара за заедница на српски општини во Косово

Од:

Во рамките на седмата рунда на дијалогот Белград-Приштина на 20 март на маса ќе се најде решението за формирање и функционирање на заедницата на српските општини, кое ќе биде прифатливо за двете страни, објави денеска приштинскиот дневен весник „Коха диторе“.

Весникот наведува дека официјалното име за Приштина би било асоцијација, а за Белград заедница на српски општини.

„Коха диторе“ посочува дека Брисел има подготвено решение за функционирање и организација на идната асоцијација (заедница), а за деталите од договорот да биде постигнат на 20 март во новата рунда разговори на која ќе учествуваат косовскиот и српскиот премиер Хашим Тачи и Ивица Дачиќ под покровителство на високиот претставник на Европската унија, Кетрин Ештон.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина