Датумот за конклавата, на која ќе биде избран идниот папа се уште не е определен, изјави портпаролот на Ватикан, Федерико Ломбарди.
Од почетокот на неделата кардиналите кои имаат право да гласаат, како и кардиналите кои немаат право на глас, се во Ватикан, за да се подготват за конклавата.
Според експертот за Ватикан, Марко Полити се уште не се издвоени силните кандидати, ниту пак кардиналите се поделени на два блока – конзервативни и прогресивни, како што беше во 2005 година, кога Јозеф Рацингер стана папа Бенедикт Шеснаесетти.