Автомобилската компанија „Волво“, на автомобилскиот саем во Женева, го презентираше својот нов систем за откривање на велосипедисти кој вклучува и автоматско кочење.
Шведскиот бренд го прошири веќе постоечкиот систем за откривање на движење на пешаци и животни, на велосипедисти кои се движат пред автомобилот, а програмот ако открие потенцијална опасност автоматски кочи за да ублажи или во целост избегне удар.
Во Европа околу 50 проценти од смртните случаи на велосипедисти се предизвикани од автомобили.
Новиот систем ќе појави годинава во летниот или есенскиот период во моделите V40, S60, V60 и XC60.
Јасна Атанасова