Ѓорѓиевски: Пред кумановци нудиме конкретни проекти за решавање на проблемите

Од:

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ за општина Куманово Зоран Ѓорѓиевски денеска на прес-конференција рече дека довербата на кумановци ќе ја бараат со конкретни проекти со кои ќе се решаваат нивните проблеми.

– Пред кумановци нудиме конкретна и издржана програма, а не празни зборови и ветувања. За нас дадениот збор има значење. Ние сме луѓе со чест и образ и затоа довербата од граѓаните ќе ја бараме со проекти кои се одговор на нивните потреби и проблеми, рече Дамјановски.

Тој посочи дека ќе понудат решение на деценискиот проблемот со водоснабдувањето во Куманово, преку зголемување на дотурот на вода до фабриката за вода.

– За решавање на најгорливиот проблем на Кумановци, невработеноста, предвидуваме изградба на нова технолошка развојно индустриска зона кај асфалтна база Романовце, ќе отвориме детски градинки во населбите Зелен Рид, Перо Чичо и Карпош, ќе изградиме три нови спортски сали во училиштата „Наце Буѓони“, „Јероним де Рада“ и „Кирил и Методиј“ во село Романовце, ќе го реконструираме и надградиме градскиот стадион во Куманово, а ќе изградиме нов зелен пазар во населба Гоце Делчев, истакна Ѓорѓиевски.

Куманово, според него, е општина и град кој заслужува развој. – На Куманово му е потребна нова енергија, која ќе понуди нови проекти за кои ве уверувам дека ќе прераснат во нови дела. Ние имаме визија за иднината на нашиот град. Наша обврска е да им излеземе во пресрет на потребите на нашите сограѓани кои веќе со години се дават во проблеми кои од година во година стануваа поголеми, додаде Ѓорѓиевски.

Досегашната локална самоуправа предводена од СДСМ и Зоран Дамјановски, како што рече, го претвориле Куманово во град кој се гуши во долгови, јавни претпријатија со негативен биланс и секој ден се појавуваат нови депонии во центарот на градот.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

Нападната е жена во старски дом во Куманово – заврши во болница

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал