Во текот на вчерашниот ден, околу 16 часот, по завршувањето на фудбалскиот натпревар меѓу Пелистер и Вардар, полицијата интервенираше поради поголемо нарушување на јавниот ред и мир кога дел од навивачите на домашниот тим започнаа да фрлаат камења кон полициските службеници.
При полициската интервенција, соопшти денеска МВР, насилната група е разбиена, а се приведени осум лица од кои четири се малолетни.
За време на каменувањето, четири полициски службеници се пожалиле на повреди здобиени од ударите.