На сцената во амфитеатарот на Младинскиот пат синоќа се одржа„ Вечер на староградска македонска песна“ што по 12.пат ја организира Општина Велес, а по повод Денот на независноста, 8 Септември.
На сцената со сплет стари македонски песни настапија ансамблите „Распеани Гевгеличани“ „Распеани Радовишани“ , „Распеани Валандовчани“и домаќините „Распеани Велешани“.
Тие со изведба на прекрасни стари и нови македонски староградски песни ја пленија малубројната публика која дојде да го проследи концертот.