Харадинај сака да соработува со Самоопределување и Демократскиот сојуз на Косово

Од:

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово Рамуш Харадинај изјави дека неговата партија ја разгледува можноста за сојуз и соработка со опозициските формации Самоопределување и Демократски сојуз на Косово, додека премирот Хашим Тачи и неговата Демократска партија на Косово се последни на листата на потенцијални сојузници, јавуваат косовските медиуми.

Весниците во Приштина нагласуваат дека Харадинај почнал да го критикива Тачи и сегашната косовска Влада дури откако Тачи одби да му ја отстапи премиерската функција.

Косовскиот вицепремиер и лидер на Алијансата за ново Косово Беџет Пацоли од своја страна му се закани на премиерот Хашим Тачи дека ќе ја напушти Владата, доколку не го промени коалицискиот договор и неговата партија не добие најмалку уште едно министерство.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина