Диневски: финансиската криза во здравството е поради скапите споменици

Од:

СДСМ изрази загриженост за „финансиската состојба во која се наоѓаат јавните здравствени установи“. Според Менде Диневски , министерот Тодоров конечно признал дека долговите во здравството се зголемуваат. Тој како што кажа има “пет неоправдани причини зошто се зголемуваат долговите и на месечно ниво растат за 1,5 милиони евра“.

„Нејасно е како може министерот да го користи како аргумент студеното време и зголеменото греење во болниците како непредвиден трошок?

Како Тодоров смета дека е оправдано да се зголемат трошоците, а со тоа и долговите во здравството затоа што договорите за лековите биле по повисоки цени од сегашните- зарем нема финансиски план во буџетите на ЈЗУ колку ќе чинат лековите?

Долговите во здравството за три години пораснаа за 80% а Тодоров се правда дека имале непредвидени трошоци за новата медицинска опрема.

И последните причини за огромните финансиски долгови се комични и навредливи за граѓаните- дека населението стареело и дека се зголемиле превентивните прегледи на граѓаните.

Министре, сите пет причини ви се оправдани само вам, но тие да ве потсетиме спаѓаат во редовно финансирање и менаџирање со здравствениот систем.

Пациентите мора да се грејат, лековите мора да се набавуваат, мора да се инвестира во нова опрема, населението старее затоа што тоа е природен процес, а превентивните прегледи се затоа што граѓаните имаат свест за здравјето.

Но, ниту една од овие причини не смее да биде виновник затоа што здравството тоне во долгови.

Не смеете здравјето на пациентите да го користите за покривање на вашата неспособност да менаџирате со парите во здравството.

Вистинската причина за финансиската криза во здравството се скапите споменици, интензивните рекламни кампањи, непродуктивните трошоци, кратењето на буџетот во здравството за 10 милиони евра“, рече Менде Диневски од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Среде пожари 400 пожарникари оставени без плата

(ВИДЕО) Тренчевска: Бараме од надлежните институции да ги преземат сите мерки за заштита на жртвите и превенција на фемицидот

(ВИДЕО) Милевски: За навредите на Миленко кон жените бараме разрешување од ФК Вардар и реакција од ФФМ и клубовите

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче нема солза која не ја злоупотреби од родителите на починатите од Кочани

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ сее магла дека некој барал „убиство на Мицкоски“, ќе поднесеме кривична

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Опозицијата лаже за пожарите, се занимава со некрофилија и не прави ништо за да помогне

Катерина Ѓуровски