Венецуелски обвинители отвораат истрага против Гуаидо поради сомневање за велепредавство

Од:

Јавниот обвинител на Венецуела денеска отвори истрага против опозиционерот и самопрогласен шеф на државата, Хуан Гуаидо за велепредавство.

Тој е обвинет дека сакал да ја „предаде“ на мултинационални компании Езекибо, богата спорна гранична зона што е под контрола на Гвајана и за која Каракас тврди дека е нивна.

-Отвораме истрага против Хуан Гуаидо за дела што претставуваат кривично дело велепредавство, рече Тарек Вилијам Саб во телевизиската изјава.

Против Гуаидо веќе има неколку истраги. Судството, за кое опозицијата го обвинува дека одговара пред претседателот Николас Мадуро, се сомнева во Гуаидо за нелегално финансирање, за кршење на забраната за напуштање на Венецуела и за незаконско присвојување на претседателската функција.

Мадуро синоќа побара истрага за Гуаидо, обвинувајќи го дека сака да го „предаде Езекибо на меѓународни компании“.

Езекибо е област богата со руди и граничи со поморската зона со резерви на нафта. Венецуела ја бара таа територија од својот источен сосед Гвајана.

Би можело да ве интересира

Регионот ја криткува за Венецуела и Мадуро, Брнабиќ одговара: Не ги забораваме пријателите

Предраг Петровиќ

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот