Шумски пожар над Виниче, на терен три противпожарни екипи

Од:

Три противпожарни возила со девет пожарникари се упатени во близина на скопското село Виниче за да го гасат шумскиот пожар на Скопска Црна Гора, потврди командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски.

Пожарот е на непристапен терен и доколку пожарникарите не бидат во состојба да го стават под контрола, како што рече Симоновски, на помош ќе биде повикана Армијата.

Вчера пожарникари на Противпожарната бригада на Град Скопје гаснеа шумски пожар во близина на скопското село Страчинци каде што гореше нискостеблеста шума.

Би можело да ве интересира

До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни

Ангелов: Мирисот на чад што го чувствуваат граѓаните на делови од Скопје е од пожарот во месноста Рамно

Горан Наумовски

Повторно се разгоре огнот во боровата шума над село Ногаевци, во Општина Градско

Ангелов: Активни се шест пожари на отворен простор, најкомплексен е пожарот кај Рамно во Општина Чучер Сандево

Маж од Македонски Брод e приведен поради пожарот во Брезница

Активни се шест пожари на територијата на Македонија