ВИДЕО: Претепана новинарска екипа, поради веста за смртта на Чавез

Од:

Новинарка и вработен во телевизијата Ер-Це-Ен биле претепани од жителите на главниот град на Венецуела, бидејќи правеле вест за смртта на претседателот Уго Чавез.

Екипата на телевизијата се наоѓала пред зградата на болницата, во која Чавез почина, за да направат вест за смртта на претседателот.

Во интервју за РПП Нотикас, претепаната новинарка Кармен изјави дека веќе заздравува од повредите.

– Јас сум подобро. Бевме пред Воената Болница со цел да дојдеме до некои министри. Веста веќе беше објавени и симпатизерите на претседателот веднаш почнаа да не напаѓаат и удираат. Групата од 40-50 луѓе се расчисти по неколку истрели во воздух, изјави повредената новинарка.

Според новинарксата екипа најрадикалните следбеници чувствуваат голема болка, Уго Чавез е речиси мит или религија. Кога земаат учетсво во вакви ситуации на гнев, разочарување и нервоза луѓето мислат дека го величат Чавез.

Би можело да ве интересира

Регионот ја криткува за Венецуела и Мадуро, Брнабиќ одговара: Не ги забораваме пријателите

Предраг Петровиќ

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот