СДСМ: Охридската болница бизнис за дедото на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Додека владата на Никола Груевски и министерот за здравство Тодоров одобруваат и поништуваат тендери, охриѓани се лечат и понатаму во Струга велат од СДСМ. Од таму обвинуваат дека тендерот за изградба на охридската болница ја дибила фирмата Виа од Вевчани, сопственост на дедото на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Спасеновски.

„Ете така ВМРО ДПМНЕ води грижа за охриѓани. Парите и бизнисите им се приоритет пред здравјето на граѓаните. Сега се виде дека играта со тендерите и преживувањето на градбите било само поради желбата парите и профитите да останат во кругот на фамилијата. Играта заврши, болницата конечно ќе ја догради дедото на зетот- пратеникот и висок функционер на ВМРО ДПМНЕ, Александар Спасеновски. На наводната електронска аукција министерството за здравство ја одбра фирмата на дедото на Спасеновски Виа Доо од Вевчани на чија сметка ќе легнат 200 милиони денари. Ајде да видиме дали работата ќе заврши во договорениот рок од 8 месеци – до крајот на годинава или пак ќе има нови пролонгирања и нови милиони“, рече Науме Јовановски претседател на ОК на СДСМ во Охрид.

Од примарното здравство на охриѓани и гостите им останува распаднатата Маларична, додека најголем дел од здравствените услуги граѓаните и туристите и понатаму ќе ги добиваат во болницата во Струга велат од СДСМ Охрид. Од таму прашуваат кој ќе понесе одговорност за досега попусто потрошените пари. Инаку првиот тендер за болницата го доби бугарска фирма од Благоевград. но по неколку месеци договорот беше раскинат поради неисполнувањето на обврските,по што беше распишан нов тендер

Би можело да ве интересира

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски