САД ќе испратат делегација на погребот на претседателот на Венецуелла Уго Чавес, но детали за составот ќе бидат објавени дополнително.
Засега Вашингтон нема планови за одговор за протерувањето двајца дипломати од Амабсадата во Каракас, наведуваат од администрацијата на Обама.
Николас Мадуро, кој го наследи Чавес ги обвини протераните дипломати дека учествувале во заговор за воен преврат против претседателот.
САД се надеваат на подобри односи со Венецуела по претстојните претседателски избори во јужноамериканската држава по смртта на Чавес, изјави синоќа висок претставник на влдата на САД. Во исто време тој призна дека тоа може да биде во блиска иднина. Претседателот Барак Обама испрати соопштение во кое истакнува дека САД имаат интерес за „конструктивна соработка“ во ерата по Чавес.